Motherhood

Среќниот брак е мит?

Светоста на бракот отсекогаш била чувана и почитувана како најважна општествена институција. Но, најновите научни истражувања покажуваат дека сепак оваа институција е преценета.

Според научниците, идејата дека бракот носи среќа и здравје поради заедничкиот живот во најголемиот број на случаи е мит. Истото се однесува и на почетниот период, т.е. медениот месец. Тие сметаат дека парите кои ќе се  потрошат на венчавањето, подобро е да се искористат за било што друго.

Претходните истражувања го поврзувале бракот со здравје и среќа, а за брачните парови се тврдело дека се подолговечни.

За потребите на најновите студии, експертите ги користеле податоците од Националното истражување на семејства и домаќинства кои го следат развојот на една личност во врска. Примерокот опфаќал 2,737жени и мажи од кои 896 се венчале или почнале да живеат со партнерот во текот на период од 6 години. Бракот отсекогаш бил важна општествена институција, но во последните неколку години се бележи раст на заедници пред или наместо бракот, како и бројот на вонбрачно родени деца – изјавила авторката на студијата, Кели Мјусик.

Овие промени ги поместија границите, па разликите помеѓу бракот и заедничкото живеење се веќе непознати. Заедничкиот живот како замена на бракот, дури овозможува поголемо почитување и задоволство на двајцата партнери.

Write A Comment