ШоуБиз

Стејси Киблер паѓа на финтите на Клуни :)

Стејси Киблер полека запаѓа во замката на Џорџ Клуни. Она во што досега никој нема успеано, таа смета дека ќе ѝ успее. Бидејќи времето си лета, а парот е доста време во врска, Стејси верува дека таа ќе биде жената која ќе го натера Џорџ на брак и деца.

Клуни сака девојки кои може да ги фасцинира со скапи дарови, луксузни вили и слава. Проблемот настанува кога девојките почнуваат да мислат дека можат да го натераат на размилување за иднината.

–          Таа ја цени својата слобода и патува каде ќе посака. Но, се надева дека еден ден ќе основа семејство со Клуни. Стејси најверојатно игра на тактиката дека венчавката не ѝ е важна и дека само сака добро да си поминува, – изјавил нејзин близок извор.

Не дај Боже да почне да си ги искажува желбите. Тоа може да биде крај на нејзината љубов.

Write A Comment