За сите оние кои го сакаат вкусот на „Step” прашокот за сок. За оние кои сакаат да се потсетат на детството и за сите оние кои сакаат брз леден десерт….
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 литри вода
1 килограм шеќер
2 степ прашок од малини
2 степ прашок од киви
500 грама гриз
За фил:
8 децилитри млеко
2 пудинзи од ванила
4 лажици шеќер
За украсување:
2 кесички шлаг
2 децилитри млеко
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
1 дел:
Во литар вода ставете половина килограм шеќер и 2 кесички степ сок од малина. Убаво измешајте и ставете го сокот на умерена температура да се провари. Кога ќе почне да врие додадете и сварете 250 грама гриз. Тепсијата попрскај те ја со вода, излијте го сварениот гриз и рамномерно распоредете го во тепсијата.
2 дел:
Во литар вода ставете половина килограм шеќер и 2 кесички од степ сокот од киви. Повторете ја постапката од 1 дел и сварениот гриз налејте го врз претходниот слој.
Тред дел:
Млекото сварете го и додадете ги пудинзите од ванила со 4 лажички шеќер.
Сварениот пудинг прилијте го врз 2 слој. Treci deo:
Колачот ставете го во замрзнувач убаво да се олади.
За декорација користете шлаг.
Уживајте во вкусот!!!
