ШоуБиз

Steven Tyler го фатила кризата?!

Славниот рокер Steven Tyler снимил реклама за еден ланец ресторани за брза храна. Дали всушност кризата чукнала и на неговата врата?

Ланецот ресторани „Burger King“ објавил реклама во која можете да дознаете како би изгледало кога на прозорчето на еден од „Burger King“ рестораните ќе ве пречека никој друг туку самиот Steven Tyler.

Харизматичниот и често проблематичен пејач на групата „Aerosmith“ очигледно добро се забавувал на снимањето додека прескокнувал пултови, се дружел со убавите хостеси и ги испробувал специјалитетите на ресторанот.

–          Се одлучивме за Tyler не само затоа што е познат, туку и за да ѝ покажеме на јавноста колку е нашиот бренд разноврсен и достапен за сите, – изјавил шефот за маркетинг.

За жал, не сакал да открие колку ми бил хонорарот на пејачот, но сигурно се работи за милионска сума.

Еве како изгледа рекламата:

Напиши коментар