ШоуБиз

Steven Tyler го купи најбрзиот кабриолет! :)

Steven Tyler го купил најбрзиот кабриолет на светот, а тоа негово задоволство го чинело цели 1,1 милион долари. Моделот „Hennessey Venom GT Spyder“ може да развие до 321 к/ч за само 15,9 секунди. Тоа е за осум секунди побрзо од моделот „Bugatti Veyrona“. Steven е првата личност која побарала ваков автомобил без покрив.

–          Steven дојде во нашите простории пред половина година со прашањето дали можеме нашиот модел „Venom GT“ да го направиме во кабриолет верзија. Моравме да направиме неколку структурни промени и да вградиме нов кров кој може да се собира. Сето тоа ја зголеми тежината на возилото, а ние одлучивме и да му ја зголемите силата и брзината на автомобилот – изјавиле произведувачите.

Оваа година ќе бидат произведени само пет вакви возила, а Tyler и понатаму ќе биде единствениот кој ќе има кабриолет „Venom GT“.

Write A Comment