ШоуБиз

Стомачето на Амброзио :)

Иако беше веќе два месеци бремена, Алесандра Амброзио (30) сеуште храбро и гордо чекореше по модните писти во ноември. А, кога претходниот месец се појави на една ревија, повеќе од очигледно беше дека тоа е нејзиниот последен настап пред да оди на заслужено боледување. Нејзиниот стомак беше прилично заоблен.

Пред некој ден, Алесандра е забележана во Холивуд со својот свршеник Џејми Мазур како оди на вечера. Облечена тип топ како и секогаш, идната мајка била пресреќна, а на нејзиното лице можела да се забележи неверојатна свежина.

Стомакот на бразилската убавица изгледа како да пораснал преку ноќ и таа со нетрпение очекува да стане горда мајка.

Напиши коментар