Таа има само 11 години, но наскоро ќе почне да фаќа дечковци. А, тоа го прави нејзиниот татко толку нервозен, што не би знаел како да реагира во тие ситуации.
– Се наближува времето и многу сум вознемирен, – изјавил Will Smith со насмевка на лицето за време на премиерата на филмот „Луѓе во црно 3“ во Њујорк.
– Имам два синови и една ќерка и сфаќам дека момчињата предизвикуваат неволји во другите домови, а девојките ги носат проблемите дома. Затоа, моментално се бориме за да донесеме правила во нашиот дом. Правила кои ќе важат и за тројцата подеднакво, – додал Smith.
Актерот засега си има план кој ќе го следи како што расте Willow Smith.
– Кога Willow ќе донесе дечко дома, јас ќе го скенирам до детаљ и ќе откријам сѐ за него. А тоа ќе се случи кога таа ќе има 40 години; тогаш ќе смее да излегува со дечковци! – се нашалил на крај Smith.