ШоуБиз

“Сулејман” три години не се избричил

Заради потребите на филмот Халит Ергенич или попознат како Сулејман Велчестениот не ја избричил својата брада три години.

Се договоривме со продуцентите дека како одминува времето така мојата брада ќе расте, ќе и ставаме фарби, ќе ја осветлуваме, па ќе и ставаме седи влакна… се во зависност од потребите. Јас веќе три години не сум се избричил, во почетокот ми беше тешко, но сега се навикнав. Дури и мојата сопруга Бергузар не се сеќава како изгледав без брада, изјавил Халит.

Инаку за неговата брада се грижи цел тим, кој секојдневно ја негува со најразлични препарати.

Продуцентите сепак се одлучија да го остават Сулејман во серијата со брада, иако добија многу критики од историчарите кои тврдат дека султанот Сулејман немал брада откако седнал на престолот.

Напиши коментар