← НАЗАД НА БОЗА

Супер – автомобилот произведен во Хрватска веќе е реалност!

Супер – автомобилот произведен во Хрватска веќе е реалност!
1006 Читања

Потребно е навистина многу, за да се приземјиш во светот на автомобилите и да создадеш навистина добар впечаток од прв пат, земајќи предвид какви се не ѕверови и машини произведуваат автомобилските гиганти.

Производителот Rimac Automobili сепак решил да се справи со овој предизвик и иако никому ова име не предизвикува било какви асоцијации меѓу автомобилските манијаци, оваа компанија од Хрватска буквално го привлече нашето внимание со Concept_One.

Целосно електричниот автомобил беше претставен во септември на саемот во Франкфурт, каде што ги привлече погледите на сите престижни медиуми. Со пропорции на супер автомобил од рангот на Bugatti, но со далеку поинтересен и еколошки погонски систем – електрични мотори на секое тркало со вкупна моќност од исклучителни  1088 коњски сили. Освен тоа Concept_One е способен да забрза од место до 100 км / ч за 2.8 секунди и поминува цели 600 километри со едно полнење на 92-киловатни батерии.

Тимот од поранешни дизајнери на Pininfarina се одговорни за привлечната визија на машината, HRE вклучува и уникатни бандажи, а Vredestein прават деби со нови гуми Ultrac Vorti токму со овој автомобил. Сега тука има еден многу интересен факт – внатрешноста на овој црвен ѕвер е изработен од бугарската фирма Vilner.

Како што и самите можете да заклучите, карактеристиките на овој суперавтомобил се зачудувачки, но тоа што најмногу не воодушевени е фактот дека  Concept_One веќе не е концепт. Да, се продава сосема реално и е сосема способен да излезе на патот, само се прашував зошто името се уште претставува трик за луѓето, но брзо го дознавме одговорот – Rimac ќе создадат само 88 примероци, од кои секој ќе се продава за околу еден милион долари. Тоа значи дека за останатите кои немаат толку дебели банкарски сметки, Concept_One ќе остане концепт кој можеме само да го гледаме и да му се радуваме.

Погледнете го видеото:

 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk