Убавина

Супер секси фризури за долга коса

Ако сте во потрага по промени, и ако барате идеја како да изгледа вашата нова фризура, а при тоа да не изгубите од должината на косата погледнете ги нашите предлози.

Рамни шишки

Шишките се ин оваа сезона. Можете да си ги дозволите пред да дојде летото и летните одмори кога фризурата може да ви претставува проблем при одење на плажа. Може да ги носите со пуштена права коса, со благо таласета пуштена коса или со пунџа за елегантен и софистициран изглед.

Благо таласести локни

Ова е извонредно секси фризура. Направете благо таласести локни кои ќе и дадат поголем волумен на косата и ќе и дадат убава форма на косата.

Гламурозни локни

Со оваа фризура дефинитивно ќе оставите впечаток на фатална заводничка. Пробајте со ретро или помодерна верзија на фризура. Користете керамички или електричен виткач за да го добиете ваквиот изглед на локните.

Напиши коментар