Здраво тело

Супи од кои слабееме

Супата секогаш била синоним за храна која нас не оживува и лечи. Пилешката супа е докажана дека помага при настинка и затнување на носот, супа од домати е народен лек за мамурлак. Всушност докажано е дека супата може да биде одлично освежување за губење на вишокот масти и одржавајќи добра линија.

Истражувањата покажаа дека супа за предјадење може да го намали вкупниот внес на калории внесени со главното јадење.

Експертите од British Nutrition Foundation објавиле дека потрошувачката на храна која содржи високи нивоа на вода може да биде клучна за намалување на тежината. Всушност, храната со висока содржина на вода, вклучувајќи ги и тестенините и оризот кој лесно ја апсорбираат течноста, како супи и чорби, овозможува долго чуство на исполнетост. Сепак, нивното истражување покажа ефект дека неможе да се постигне само со испиена една чаша вода за време на оброкот- течноста мора да биде составен дел од храната која се консумира.

Супи од кои слабееме

Сепак, познато е дека започнувањето на оброкот со супа ни ја зголемува ситоста и го намалува енергетскиот внес. Но, дали е тоа така за секоја супа ? Студијата објавена во весникот Appetite , спроведена е со цел да се добие одговор на ова прашање. Една група од 60 мажи и жени во текот на 5 дена добиваа бесплатен оброк кој започнуваше со супа. Супите се различни: бистра, со делови од зеленчук или крем супа од зеленчук. Се покажа дека било која супа го намалува внесувањето на енергија во текот на следниот оброк за 20%.

Освен поволниот ефект за телесната тежина, супата е докажан сојузник во борбата против вирусот и настинката.

Хранливата вредност на супа

Составот на супата зависи од кои суровини е направена. Во сите видови на супа има повеќе вода, потоа месните супи содржат повеќе протеини и минерали како цинк, калциум, железо и електролити, супите со зеленчук се богати со влакна, витамини и минерали.

Составот на храната на супата прави ова јадење да е неопходен дел од диетата, детоксикација, но исто така и од секојдневен оброк за сите возрасти.

Напиши коментар