Здраво тело

Сувите сливи – повеќе од здрави !!!

Пролетта нуди многу свежи намирници кои ги задоволуваат сите потреби на Вашиот организам. Но не смее да се заборави на една од најздравите намирници кои можете да консумирате независно во период на годината се наоѓаме. Сувите сливи се вистинско богатство на минерали и витамини…

Дали сте знаеле дека сувите сливи се на прво место според количината на антиоксиданти и тоа далеку напред пред другите овошја и зеленчук???!!!

Освен големиот процент на растителни влакна кои го чуваат целиот дигестивен систем, сувите сливи го содржат и кверцетинот, најјакиот антиоксидант кој е најголемиот заштитник од создавањето на сите видови  рак и тумор.

Сувата слива има енергетска вредност од 240 kcal за 100 g и висока содржина на влакна (7g/100g). Во составот на сувата слива има висока содржина на флуор, но исто така, и на калиум и на витамин К. Богати со флуор кој особено важен за забите и за коските, но исто така, има и заштитна улога за организмот, особено од бактериски инфекции.

Консумирањето на суви сливи преставува вистинска бомба на здрави и пред се максимално искористливи минерали и витамини.

Пролетта е време на диети!!!

А сувите сливи се топ 1 намирницата која гарантира успешна диета!!!

Зошто е тоа така???

Сувите сливи се богати со влакна, па затоа тие го регулираат варењето на храната. Консумирање на 3 или 4 суви сливи наутро, пред појадок, ќе го забрза и олесни варењето на храната. Го забрзуваат метаболизмот за неверојатни 30 проценти. Никој со точност не знае зошто е тоа така, но се претпоставува дека причина за забрзување на метаболизмот се хемиските реакции и совршениот баланс на растителни влакна и минерали кои ги содржат сувите сливи.

Во случај да почувствувате силна глад, земете две до три суви сливи. Тие се богати со магнезиум, влакна и се помалку калорични од другото овошје. Така, во 100 грама суви сливи има 235 калории.

Напиши коментар