Здраво тело

Суво грозје до здрави заби и здраво срце!!!

Огромен број студии покажаа дека бактериите во усната шуплина изнаоѓаат чудни начини да навлезат во организмот и тоа во скоро сите органи преку крвотокот. Сето тоа највеќе влијае врз здравјето на срцето. Срцето е најизложено и најнезаштитениот орган во нашето тело.

На забите, непцата и на јазикот се наоѓаат големи заедници на микроби, а во зависност од хигиената на усната празнин, а тие се корисни или штетни, но штетните преовладуваат и се за 3 пати повеќе присутни од корисните бактерии.

Последното истражувањето направено на Универзитетот Илиноис во Чикаго покажа и докажа дека одредени материи присутни во сувото грозје го спречуваат растот на бактериите во усната празнина, одговорни за настанокот на кариес и болестите на забното месо а со тоа и на срцето и крвните садови. Пред оваа студија се мислеше дека сувото овошје е штетно за забите но сите замолчеа пред фактите на стручниот тим научници од универзитетот во Чикаго.

„Фактите тешко кој ќе ги побие. Здравјето доаѓа преку устата да ја заштитиме устата е првиот приоритет. Јадете суво грозје со тоа ќе го заштитете организмот од штетните бактерии во усната шуплина, ќе го продолжите животот на вашето срце, ќе бидете многу поздрави посилни и полни со елан. Кариесот е последното нешто од кое треба да се пазите, забите бараат едно дневно миење од по 1 минута, но срцето бара 24 часа грижа„ – истакнува Фредерик Бромс врвен стоматолог од Чикаго.

Напиши коментар