Здраво тело

Сувото овошје е најдобра храна за во зима

Традиционалното консумирање на сувото овошје за време на постењето би требало да ни биде секојдневна навика.

Со оглед на се тоа што сувото овошје го содржи, старите со право рекле дека на масата секогаш треба да има суво овошје. Во оваа здрава храна има концентрирана енергетска вредност за шест до десет пати повеќе од вообичаената форма.

Сувото овошје е богато со минерали, особено да ги истакнеме калиумот и магнезиумот. Богат извор е на витамините Ц, Е и бета каротен.

Заради недостигот на витамини од свежото овошје и зеленчук, сувото овошје е идеална храна за во зима. Лечи депресија и малаксаност. Ќе ви даде енергија која ви е потребна за целиот ден.

Напиши коментар