Мојата кујна

Suzette палачинки

Легендата раскажува дека ова префинето слатко јадење прв го зготвил Anri Šarpentje кој го направил Kafe de Pari во Монте Карло за принцот од Велс. Фасциниран од вкусот на деликатесот принцот побарал рецептот да го добие името на неговата убава Сузет.

Потребни состојки

За палачинките

2 јајца

125 грама брашно

250 милилитри млеко

50 грама путер

1 мала лажичка ликер од портокал

Прстофат шеќер

Прстофат сол

За сос

4 големи лажици шеќер

70 грама путер

2 големи портокали

1 среден лимон

Ликер од портокал

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА

Во подлабок сад со помош на жица за матење изматете ги јајцата, шеќерот, солта, брашното и млекото додека не добиете глатка маса. Оставете го да „одмори“ тестото за палачинки половина час во фрижидер. По 20 минути во тестото додадете ги предходно истопениот путер и лажицата ликер од портокал.

Палачинките пржете ги на веќе загреана тава, за секоја нова палачинка тавата премачкајте ја путер. Палачинките нека бидат што потенки.

За сос

Изрендајте кора од портокал и кора од лимон врз шеќерот. На тава поголема од онаа во која ги пржевте палачинките ставете путер да се стопи и потоа додадете го шеќерот со ренданите кори од портокалите и лимонот на тивок оган додека не се растопи и малку карамелизира.

Портокалите исцедете ги и процедете го сокот и сокот додадете го во тавата со стопениот шеќер непрестајно мешајќи. Варете ги состојките додека благиот сос не се згусне. Кога ќе се згусне додадете 2 чашки ликер од портокал.

Намелете го огнот на тивко, и во тавата со сосот додадете една претходно испржена палачинка. Почекајте 20 секунди да упие од сосот и превртете ја  другата страна. Извадете ја од сосот и свиткајте ја по желба ( во ролат или во форма на триаголник ). Повторете ја оваа постапка за сите преостанати палачинки.

Совет

Филувајте по ваша желба… Ние препорачуваме крем од чоколадо.

Уживајте!!!

Напиши коментар