Bridal

Свадба во знак на чипка

Доколку сакате вашата свадба да биде гламурозна и романтична, тогаш чипката може да ви биде од голема корист. Може целата свадбена церемонија да биде направена во знакот на чипката.

Таа има моќ да изгледа романтично, а воедно и многу секси.

Постелете чипкани чаршави на масите… украсете го бидермаерот со парче чипка.

Со чипката може да ги декорирате чашите, свеќниците и шишињата. На масата тоа може да изгледа многу елегантно и отмено.

Со чипка може да се украсат мениата, или пак поканите за гостите.

Искористете ја чипката и за декорација на тортата.

Чипкан невестински фустан или пак чипкани чевли… Колку совршено може сето тоа да изгледа.

Напиши коментар