← НАЗАД НА БОЗА

Свадбата на Brangelina закажана за август!

Свадбата на Brangelina закажана за август!
809 Читања

Славниот холивудски пар Angelina Jolie и Brad Pitt одлучиле да го изговорат судбоносното „да“ на 11-ти Август, оваа година. На тој ден, родителите на Pitt, Bill и Jane прославуваат годишнина од својот брак, па Brangelina одлучиле токму на тој ден да се венчаат и да организираат голема семејна прослава.

Венчавката треба да се одржи во еден приватен дворец во Франција, а поканети се повеќе од 300 гости меѓу кои и George Clooney, Matt Damon, Johnny Depp и Tom Cruise.

–          На нивните деца им се допаѓа идејата родителите да стапат во брак на истиот ден кога тоа го сториле баба им и дедо им, – изјавил близок извор на семејството.

–          Родителите на Brad многу ѝ значат на Angie, особено откако ја изгуби мајка си, а со татко ѝ долго време не разговараше, – додава изворот.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk