Бритни Спирс ќе ја одложи свадбата со Џејсон Трауик се вели во медиумите од другата страна на океанот. Изворот тврди дека планираната венчавка не е ништо повеќе од бизнис зделка договорена од таткото на пејачката.
„Татко и го изнајми Џејсон за да ја пази“, вели изворот. – “Таа открила дека и двајцата ја манипулираат и сега сака да ја одложи свадбата“.

После нервниот слом на пејачката во 2008 г. нејзиниот татко ја превзема одговорноста и грижата за неа и при тоа го најмил и Трауик за целта.

„На Бритни не и се допаѓа но нема избор“, дополнува уште изворот, кој се сомнева дека помеѓу неа и Трауик воопшто нема љубов.


