Bridal

Свадбени инспирации – топ свадбени трикови кои мора да се знаат

Дојдовме до интересна идеа, да се инспирираме од прекрасните свадбени фотографии. Ова се фотографии кои би било добро да се погледнат бидејќи нудат интересни мотиви и начини на фотографирање, а со нив ќе добиете прекрасни шанси да го овековечите моментот кој ќе остане засекогаш во вашите срца.

Во овој пример нудиме можност да создадете идеа, како да го организирате фотографирањето на вашата свадбена церемонија? Тука не се нуди листа на најбитни пози кои треба да ги имате на списокот, туку  се нуди водич и организатор на целата церемонија со амбиентот кој е присутен на свадбениот миг. Не само позирање и специфични агли, туку начин , како без усилба и вештачко позирање да се опфатат најубавите, вистински мигови на среќа на самата церемонија.

Секако , се разбира дека, на вашата церемонија, се ќе има свој стил и аранжман, светло кое ќе нуди романтичен и гламурозен ефект за самата свадбена веселба. Детали кои прават да изгледа се гламурозно и прекрасно уредено и на крај, вашата единствена среќна насмевка и радост. Нема ништо поубаво од самиот миг во кој се радувате, да го преточите во фотографија. Бидејќи самиот амбиент ќе биде направен како една прекрасна сцена, многу размислување навистина не ви треба, потребно е само вие да бидете среќни , расположени и во најубава форма, а фотографиите сами ќе го кажат она кое најмногу треба…Вашата радост…

Но за позите и позирањето, да не ви одземаат многу од радоста на самата церемонија, предлагаме да извадите фотографии од видео снимките…Тоа е најдобро….

Еве начини, како да го инспирирате вашиот фотограф, да работи најдобро за вас. Имајте и фотограф кој ќе работи за вас. Но имајте и камерман…

Најдобрата варијанта е:

Да се сними вашата церемонија на камера.

Многу е тешко да се одберат најинтересните и нај избалансираните детали од најдобрите свадбени моменти, бидејќи ги има многу. Најдобриот предлог кој можеме ние да ви го дадеме, е да бидете сами вие и партнерот кога ќе ја одбирате вашата листа на најдобрите видео снимки и така да ја селектирате видео архивата. Потоа со помош на компјутерски програм, умешно и инвентивно, ќе ги изберете најдобрите агли од овие видеа и така ќе направите најдобри, фотографии, но оние кои вие самите , заедно со партнерот, ќе си ги изберете.

Потребно е само да пронајдете сооветна компјутерска програма, за вадење слики од видео снимка и забавата може да започне. Уживајте во истражувањето низ снимките од вашата свадба, а искуството ќе биде незаборавно , но и ќе даде најзадоволителен резултат. Во тоа сме сигурни….

Напиши коментар