Подготовката да се биде еден од поважните гости на свадба е речиси подеднакво тешка како и подготовката на невестата…
Еве што ни препорачуваат врвните брендови кои се занимаваат со создавање невестински и свечан стајлинг:
Важно е да се знае дека моделот што ќе го изберете треба да одговара на настан од ваков тип, односно треба да припаѓа на класично-елегантниот стил.
Всушност, моделите наменети за старосватици, куми, деверици и.т.н. во принцип треба да потсетуваат на гламурозните креации кои ги гледаме на манифестации како доделување Оскар. Секако пример не смее да ви бидат жените кои избрале вулгарни и авангардни модели, туку оние славни дами познати по својот добар стил.






























































































