Art & Crafts

Интересна идеја за романтичен викенд

Брз и лесен начин да си го разубавите викендот. Има нешто во свеќите што внесува мир, а истовремено прави прекрасна атмосфера. Овој мал проект практично нема да Ве чини ништо. Сигурно низ дома Ви се наоѓаат мали свеќи. Сè што треба да направите е…

Земете мала свеќа

Извадете го металниот сад во кој се наоѓа и превртете ја.

Запалете друга свеќа. Било каква свеќа ќе заврши работа.

Покапете го со восок дното на малата свеќа при што ќе внимавате восокот да го покрие металниот дел. Не го отстранувајте металниот дел бидејќи тој го држи балансот на свеќата кога ќе ја ставите во вода. Откако сте го направиле тоа, ставете ги свеќите во убав сад со вода и запалете ги. Вака подготвени свеќите ќе траат околу два часа. Ако не го покриете металниот дел од малата свеќа таа ќе трае помалку од пола час.

Напиши коментар