Убавина

Светиот босилок го успорува стареењето!

Во Индија веќе 5.000 години е познат како „Кралица на лековитите билки“. Индискиот босилок, поради своите лековити својства за индијците е света билка.

Дури и денес оваа билка се одгледува во глинени садови во секој дом или градина во Индија. Неговите лисја се користат за правење вкусен освежувачки чај кој добро влијае на нашето здравје. Кога трговците по прв пат го донеле од Исток во Европа, поради неговата лековитост го нарекувале „Свет босилок“. Модерните студии покажале дека оваа билка многу ни помага во борбата против стареењето, така што ја зголемува нашата природна отпорност и ги ублажува негативните одговори на телото на стресни ситуации.

Светиот босилок илјади години се користи во ајурведската и традиционалната кинеска медицина, бидејќи делува опуштувачки на нашиот дух и тело. А неодамнешните индиски истражувања покажаа дека оваа билка го штити нашето тело од слободните радикали бидејќи е многу богата со антиоксиданси, кои веќе одамна се познати како творби кои ни помагаат да ги „сокриеме“ знаците на стреење.

Светиот босилок доаѓа во облик на течен екстракт кој се става во вода, сок или чај, а исто така може да се конзумира во облик на капсули. Се разликува од обичниот босилок по изгледот и вкусот. Може да биде со црвена или зелена боја, па од таму има и поинтензивна арома.

Листовите на оваа миризлива билка имаат многу убав вкус па често се користи и како зачин во припремањето на многу азиски јадења. Оваа билка не само што ќе ви помогне во опуштање и намалување на стресот, туку ќе влијае и на многу други здравствени проблеми како: настинки, температура, кашлање, запаление на грлото, бубрежен каменец, срцеви оболувања, запаление на усната шуплина, проблеми со дишните патишта или проблеми со памтење.

Напиши коментар