Sweet Home

Светлечки и модерен пентхаус во Лас Вегас

Светлечкиот ентериер во овој пентхаус во Лас Вегас, совршено се вклопува со сјајната енергија на овој динамичен град…

Mark Tracy е дизајнерот на овој гламурозен апартман кој се наоѓа на врвот  на кулата „ Veer “ во Лас Вегас. При дизајнирањето, употребени се најфини материјали на сите површини и во сите простории, за да се создаде пријателски и колоритен ентериер. Најистакнат дел во овој просторот е мозаикот од океанско сина боја кој се протега од подот, преку ѕидот, до плафонот.

Во централниот дел се наоѓа лустер во сина боја, над трпезариската маса. „Допловува“ и  гранитен остров, сочинет од шанк, кој неприметно се спушта и веќе претставува сосем друг елемент- елемент за ручање. Палетата од зелени и сини ефекти е нагласена и со присуството на RGB LED светилки кое е вградено низ целиот пентхаус. Спалната соба е опремена со кревет кој е соединет со ѕидот и плафонот од кој „извира“ лустер. Зидот и плафоните се обложени со италијански плочки а покрај креветите се наоѓа завеса од ланци која ја одвојува спалната соба од тоалетот.

Главната зона за журки е украсена со плафонски огледала со облик на триаголници, со светлосни ефекти кои всушност го рефлектираат забавниот живот во Лас Вегас.

 

Напиши коментар