Sweet Home

Светлечки саксии… За добредојде на Пролетта

Шпанската компанија Vondom, знае да изненади со преубави и практични производи, со тенденција, кај секој производ да испроба нови можности. Градинарските саксии, со мали столчиња, беа тренд за кој се зборуваше…

Овој пат Llum, е линијата која на предметите им додаде потполно нова димензија.

Саксиите за градина се достапни во различни бои и облици, иако основната функција доаѓа до израз токму во ноќта, бидејќи секоја саксија има вградено светло, тие се совршени за секој амбиент на отворен простор, бидејќи се отпорни на мраз и можат да бидат надвор преку целата година. Внатрешното осветлување е интегрирано на дното од саксијата и овозможува доволно светлина за било која градина или тераса.

Напиши коментар