Motherhood

Светот на едно бебе !

За некого, светот е сеуште недефиниран поим кој ги користи сите ресурси на природата, за да создаде живеалиште за најсовршеното човечко суштество…

За секое бебе, светот е точно определен простор, во кој нема место за дневните политики, но има место за една голема насмевка, која ќе Ви биде дадена, кога тоа ќе посака.

За секое бебе, светот е искажана мисла, која се состои од неколку букви, и 2 основни збора, мама и тато… Хероите кои се доволни да го извлечат од „ неговите светски кризи “.

За некое бебе, светот сеуште не ни постои, љубопитно го исчекува во мајчината утроба, правејќи пресметки како да го совлада моментот кога ќе му биде претставен…

За сите бебиња, светот е шанса која мора да биде дадена… Најсовршеното човечко суштество уште додека е мало, знае да се избори за она што го сака… Ваше е, тоа да му го овозможите во форма на живот…

Следниве фотографии ќе Ви кажат повеќе…

Напиши коментар