Убавина

Свеж и помлад изглед во 10 чекори

Најпрво погледнете ја девојката на фотографијата и мора да се согласите со нас дека разликате е голема. Со минимална шминка можете да постигнете многу, но ако точно знаете што треба да правите. Да почнеме…

Најпрво нанесете коректор околу очите и на друго место ако има потреба.

Нанесете течна пудра на целото лице и направете го тоа со помош на четка.

Следниот чекор е нанесување на пудра во прав за да постигнете порцелански тен и мат изглед.

Руменило во корални нијанси. Коралните нијанси се универзални и одговараат на сите типови кожа.

Кармин во неурална боја. Избегнувајте розови и црвени нијанси преку ден. Можете да употребите само сјај или кармин во беж нијанси.

Веѓите мора секогаш да се добро оформени и ако има потреба затемнете ги со молив или сенка во истата боја како што е вашата природна коса.

Нанесете сенка на горниот капак. Изберете неутрални бои кои не се разликуваат премногу од вашиот тен. Она што треба да го постигнете е дури и да не се забележува дека сте ставиле сенка. Затоа се става сосема малку.

Со помош на тенка четка или кафеаво моливче исцртајте го горниот капак но не одете надвор од линијата.

На крај нанесете маскара.

 

Напиши коментар