Мода

Свежина во новата пролетна колекција на Каролина Херера

Познатата модна дизајнерка Каролина Херера ја претстави својата најнова пролетна колекција, за која модните критичари велат дека е нејзината најдобра колекција до сега.

Новата пролетна колекција на Херера носи свежина и нов интересен стил, инспириран од ненадминливата италијанска смисла за мода и елеганција. Иако самата колекција внимава на комбинација на боите, помеѓу креациите ќе најдете многу интересни тонови и комбинации на бои. Од пролетните бои најмногу се застапени зелената и жолтата, преку интересни дезени на лалиња или пак геометриски форми.

Освен прекрасните дневни кежуал и бизнис креации, колекцијата нуди и навистина прекрасни вечерни тоалети, нежни, елегантни и префинети, исто како и пролетта. Фустаните се изработени претежно од свила и се наменети за оние кои сакаат да се чувствуваат удобно, но и елегантно во вечерните тоалети.

Напиши коментар