ШоуБиз

Свршеничкиот дијамант на Jessica Biel!

Jessica Biel и Justin Timberlake се забележани во четвртокот како излегуваат од еден ресторан каде имале прилично романтична вечера. Jessie на себе носела несекојдневен моден додаток: нејзиниот свршенички прстен.

Двојката била излезена во придружба на уште еден пар и нивното дете и биле видно расположени. Jessie (30) како и секогаш блескала од убавина, а зад неа не заостанувал ни нејзиниот свршеник.

Прстенот кој многу ретко е забележуван во јавност откако познатата двојка се решила на овој чекор е дијамантски со помали скапоцени камења околу еден централен бел дијамант. Погледнете и сами. Дали ви се допаѓа изборот на Timberlake?

Напиши коментар