ШоуБиз

Свршеничкиот прстен на Keira Knightley :)

Keira Knightley (27) конечно го покажа својот свршенички прстен. Британската актерка, која неодамна се сврши со рокерот James Righton (30), е забележана како носи тенок прстен со дијамант додека заљубено се шетала со свршеникот.

Двојката веќе си купила и нов дом во источен Лондон за која платиле 2,4 милиони фунти. Се работи за куќа на четири ката со кино, гардероба, библиотека и музичка соба. Пред куќата има и фантастична градина.

Очигледно, и двајцата сакаат со време да поработат на своето љубовно гнездо, а не е чудо наскоро да чуеме дека размислуваат за проширување на семејството.

Напиши коментар