ШоуБиз

Таа е најубава во Холивуд!

Таа е ѕвездата од филмот за детето магионичар „Хари Потер“ и критичарите оваа недела ѝ доделија ласкава титула со тоа што ја прогласија за најубава жена во Холивуд.

Критичарите составиле листа на која се нашле вкупно 100 жени, а 21-годишната Британка Ема Вотсон е прогласена за најубава. Меѓу првите десет се нашле и Ријана, Марион Котилард и Амбер Хард, додека на последно место е Мила Кунис.

Некои холивудски диви од калибарот на Анџелина Џоли воопшто не ни влегле во листата. Критичарите велат дека покрај убавина, Ема има и шарм и елеганција, многу е слатка и доста талентирана.

Напиши коментар