ШоуБиз

Тајната е откриена- Rihanna и Ashton Kutcher се во тајна врска два месеци

Пред само неколку дена излезе информацијата дека Rihanna во раните утрински часови ја напуштила вилата на Ashton. Сега пак излегоа многу повеќе детали на виделина. Тие не се заедно овие неколку дена. Според очевидци кои изјавиле за американскиот магазин Sun, Rihanna и Ashton се во тајна врска веќе два месеци. Некои медиуми пак велат дека тие се заедно од декември.

Кога се запознале веднаш почнале да флертуваат, си размениле телефони и започнале со размена на смс. Rihanna им се доверила на своите пријателки дека тој и е многу драг, дека е мил и е како неа, сака добро да се забавува. Тие пред еден месец биле тајно на неколку дена во хотел во Санта Моника.

Rihanna се заинтересирала за Кабала, со цел ако се зближи повеќе со Ashton да може подобро да го разбере. И двајцата се многу зафатени за да се развива врската, но сега за сега имаат добра забава, изјавуваат нивните пријатели.

Напиши коментар