ШоуБиз

Тајната за совршеноста на Лопез!

Иако е на прагот на 43-тата година, Џенифер Лопез никако не се откажува од совршеноста. За чудо, никогаш не била жртва на пластична операција, ниту пак користи некој посебен третман за подмладување. Она што таа го прави е: станува во пет саат наутро и почнува да вежба со личен тренер. Користи скапи креми за лице и тело, па не нѐ ни чуди што изгледа како тинејџерка.

Во најновата кампања за брендот „L’Oreal“, Џенифер Лопез облекла бело бикини и самоуверено застанала пред објективот на камерата. Фотографиите не се обработени во Фотошоп, а оваа латино дива и на тој начин изгледа фенеменално.

 

Позната ни е по тоа дека секој ден напорно вежба, јаде храна од органско потекло, а еднаш неделно во нејзината куќа доаѓа „инспектор за производите кои таа ги јаде“. Тој од нејзиниот фрижидер фрла сѐ што смета дека е штетно. Ако на сето тоа ги додадеме и скапите креми и третмани, нема сомнеж зошто Лопез изгледа совршено.

Напиши коментар