Motherhood

Тајни кои мора да ги сочувате за себе… За успешен брак !!!

Многу се зборува за искреноста во бракот, а сепак се заборава дека некои работи треба да се премолчат.

На пример…

1. Лошите работи кои сте ги слушнале за него – Тој не мора да го знае сето она што за него сте го слушнале од Вашите пријатели или семејството. Ако тоа и не е токлу важно- најдобро е да го зачувате за себе. Лошите зборови само би донеле лоши вибрации и ќе ги повредат неговите чувства.

2.Работи кои партнерот не може да ги промени – Отвореноста и размената на ставови може да биде продуктивна. Но, ако сте премногу критични и приговарате на секоја негова маана, тоа и не е така добро за бракот. Ако пак се работи за нешто што никако не може да го промени –  молчете…

3. Тајни на други луѓе – Ако некој пријател Ви се довери, не смеете истото да му го пренесете на Вашиот партнер. Ако не Ви е потребна неговата помош и не се однесува за Вашиот брак, не смеете да ги издавате туѓите лични тајни.

4. Негативни чувства спрема неговите – Не мора ни да ги сакате, но задржете си го тоа за себе, како тајна. За нормално семејство, Вие мора да ги почитувате неговите и се што мислите за нив да изговарате на глас. Како би се чувствувале Вие доколку тој зборува лошо за Вашето семејство.

5. Привлечност спрема некого кого го познава – Во ред е да чувствувате привлечност спрема некого ( се додека остане само симпатија ), но нема потреба за тоа да го информирате партнерот, поготово ако станува збор за некого кого го познава. Иако тие чувства не се сериозни, можат да предизвикаат кај него непотребна љубомора.

Write A Comment