Магазинот Форбс ја објави листата на младите милионери, тука спаѓаат сите млади ѕвезди кои немаат наполнето 30 години.
На прво место се наоѓа пејачката Тејлор Сфифт која има 22 години, и оваа година остварила заработувачка од 57 милиони долари.
Нејзиниот колега Џастин Бибер се најде на второто место. Тој има само 18 години, а оваа година има заработено 55 милиони долари. На трето место се најде Ријана која оствари заработувачка од 53 милиони долари. Веднаш зад неа на четврто место е Лејди Гага со 52 милиони, и на петто место е Кети Пери со заработени 45 милиони долари.
Колку за споредба минатата година на прво место се најде Лејди Гага со заработувачка од 90 милиони долари.
Кристен Стјуарт како најплатена актерка со 34,7 милиони долари се најде на седмо место, а нејзиниот дечко Роберт Патинсон се најде на 10-то место со својата заработувачка од 26.5 милиони долари.
