Мојата кујна

Таљатели со пилешко

Потрени состојки:

–      едно пакување таљатели

–      2 лажици маслиново масло

–      половина килограм пилешки гради

–      лажица лук во прав

–      пармезан

–      прстофат босилок

–      кари

–      5 лажици доматен сос

Подготовка:

Ставете ги таљателите да се варат. За тоа време ставете го маслиновото масло да се загрее. Во него ставете го пилешкото кое претходно го исековте на тенки ленти. Ставете кари, и зачинете со други зачини по ваша желба. Ставете го лукот, и на крајот ставете го доматното пире. Убаво измешајте и кога ќе биде готово тргнете го од оган. Ставете пармезан, босилок и повторно промешајте. Исцедете ги таљатечите и ставете го сосот одозгора. Декорирајте со пармезан.

Напиши коментар