Подгответе се за совршената комбинација од стил, сексипил и природен изглед… Пролетната колекција на Tally Weijl токму тоа и го носи…
Младите девојки се инспирација за овој омилен бренд меѓу нив. Младоста, идеја за да бидат дизајнирани совршени парчиња кои секојдневниот монотон изглед ќе го претворат во вистинско задоволство, без оглед на поводот.
Едноставните линии и флоралните принтови комбинирани со црно- бели нијанси ќе Ви помогнат да создадете софистициран пролетен изглед. Претежно, присутни се неутралните, пастелни тонови кои во комбинација со „ скршените модни правила “ кои ќе ги постигнете со несекојдневниот накит, ќе Ве направат гламурозни…
Ако и покрај сите модни диктати, ја преферирате женственоста, не пропуштајте ја последната колекција на Tally Weijl. Прифатете ја како Ваш моден советник за оваа сезона и поминувајте го секој ден од Пролетта на колоритен начин, истакнувајќи ја Вашата младост, гордо чекорејќи, покажувајќи ги Вашите атрибути…






