Убавина

Талогот за кафе во служба на убавината

Многумина од нас уживаат во вксуот на турското кафе. Сигурно откако ќе го испиете кафето, талогот го фрлате, а тоа не би требало повеќе да е така. Од него може да си подготвите инетерсни пакувања за нега.

Пилинг

Измешајте го талогот со мед. Ова е природен пилинг кој одговара на секој тип на кожа. Ќе ја освежите и нахраните кожата во рекордно време.

Маска за коса

Пред да ја измиете косата убаво втријте го талогот во неа. Потоа измијте ја косата по редовна постапка. Тоа ќе ја освежи бојата и сјајот на косата.

Маска за лице

Измешајте го талогот со една лажица мед, малку маслиново масло и една жолчка. Оваа маска воедно ќе направи и пилинг на кожата а ќе и ја врати и еластичноста и сјајот на кожата.

Напиши коментар