ШоуБиз

Tamara Ecclestone почнала интензивно да штеди :)

Tamara Ecclestone повторно решила да го позабавува светот со своите луди изјави. Овој пат, ќерката на Bernie Ecclestone изјавила дека всушност таа е личност која многу штеди и внимава на што ги троши сите пари. Моментално станала дел од една хуманитарна акција за обнова на една лондонска болница и по пат на „eBay“ ја продава својата стара облека како би заработила пари за да донира на болницата.

–          Кога бев дете многу сакав една јакна. Татко ми ме однесе на шопинг и ме научи како да се ценкам. Неодамна купив автомобил и успеав со ценкање да му ја сметнам цената за цели 20 проценти. Станав опесдната со штедење, а навечер никогаш не заборавам да ја исклучам греалката. И чешмата ја затворам додека ги мијам забите, – дообјаснува богатата наследничка.

Напиши коментар