Мојата кујна

Tangerine curd – Мандарини крем

Мандарините во овој период од годината ги има во изобилие. тие се вкусни но ретко кој се обидува да ги искористи за подготвување на вкусни колачи.

Затоа ние денес ќе ви презентирам,  како на еден многу едноставен начин да направите крем од мандарини кој можете да го употребите во безброј колачиња, како фил на торти или ролати…

Вие само треба сте малку посмели и да експериментирате…

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За една мала тегла крем

5 жолчки

Рендана кора од 1 мандарина

Половина шолја сок од мандарина ( околу 3 мандарини )

6 големи лажици шеќер

4 големи лажици путер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Во помало тенџере изматете ги жолчките заедно со кората од мандарина, сокот од манарина и шеќерот.

Ринглата на шпоретот нека биде на средна температура ставете го тенџерето со состојките и со постојано мешајте околу 5 до 10 минути додека не добиете средно густ крем.

Потоа тргнете го кремот од оган и додека е уште врел ставете го путерот да се растопи, за цело време мешајте.

Кремот е подготвен за употреба по 1 час стоење во фрижидер.

Кремот вака спремен е најдобро да го искористете во рок од една недела. Но верувајте еднаш пробајте го и тегличката крем ќе ја снема за неполни 30 минути… 🙂

Совет:

Овој крем можете да го направите и со портокал, грејпфрут или лимон.

Експериментирајте и

Уживајте!!!!

Напиши коментар