Научниците направија едно истражување со кое докажаа дека татковците изневеруваат помалку во однос на останатите мажи кои немаат деца. Фактот дека ќе имаат или имаат новороденче предизвикува пад на нивото на тестостерон, што ја намалува желбата за изневерување. Тие стануваат многу позаинтересирани за семејството отколку за сексот.
Но, ова не е трајно. Тоа трае во првите години. Потоа нивото на хормонот се регулира, па ако навиките за изневерување ги имало многу веројатно е дека ќе се повторат.
