Изграден на врвот на изумрен вулкан, будистичкиот манастир, Taung Kalat е еден од најспектакуларните места во Бурма, дури и во светот. Многу го нарекуваат вулканот каде што е изграден манастирот, Попа, но тоа е погрешно, бидејќи вториот вулкан Попа е многу повисок, и се наоѓа во близина. За да стигнете до манастирот мора да се качите по 777 скали. Локалното население верува дека таму живее Nats (митолошко божество), и судејќи по божествениот поглед од таму, јасно е зошто владее тоа мислење. Taung Kalat манастирот и неговата околина се навистина уникатни, и ако владата Бурма не направи нешто наскоро, овој споменик ќе биде неповратно уништен бидејќи веќе му е потребна реставрација.