ШоуБиз

Тејлор Свифт ја прифати понудата на дете болно од рак!

Тејлор Свифт одговорила на поканата на Кевин МекГајр што тој ѝ ја оставил на нејзиниот ѕид на Фејсбук во петокот. Му се извинила што нема да може да отиде со него на неговата матурска вечер, но за среќа таа има подобра понуда за него.

22-годишната кантри пејачка го поканила детето кое боледува од рак да ѝ биде придружник на 47-то доделување на Наградите за кантри музика кои ќе се одржат во Лас Вегас на 1-ви Април.

Еве што му возвратила Свифт на фанот:

–          Кевин, многу ми е жал што нема да успеам да бидам на твојата матурска вечер. Но, се прашував, АСМ наградите се приближуваат… дали би сакал да ме придружуваш?

Возбуденото 18-годишно момче не можело да си поверува:

–          Имам рак, но ракот ме нема мене. Тејлор, секако дека ќе дојдам со тебе!

Напиши коментар