Здраво тело

Темното чоколадо помага за намалување на крвниот притисок

Темното чоколадо не само што е празник за сетилата за вкус, туку сега е веќе докажано дека може да помогне во подобрување на работата на срцето и да го намали крвниот притисок, според едно британско истражување.

Студијата во која се анализирале резултатите од 42 други истражувања направени над повеќе од илјада лица, покажало дека со внесувањето на умерени количини на темно чоколадо се постигнува подобрување на кардиовакусларните функции и смалување на нивото на инсулинот.

„Мојата препорака е ако сакате темно чоколадо, јадете ја почесто отколку било кои други слатки, барем таа е корисна“, изјавила Ли Хупер истражувал во тимот кој го спровел ова истражување.

Експертите за позитивните ефекти од темното чоколадо ги препишуваат на состојката флавоноиди.

Напиши коментар