Motherhood

Тест за детето преку цртеж: „Куќа – дрво – човек“ (прв дел)

Еден од најпознатите тестови е оној на  John N. Buck “House-tree-person test” познат уште во 1948-та година. Факт е дека родителите со помош на овој тест можат да добијат многу полезна информација за своето дете, да ја оценат моменталната душевна состојба на детето и ако треба да му посветат поголемо внимание.

Суштината на тестот

Слично како и останатите цртеж – тестови, овој исто така е проективен, зошто представува имено несвесна проекција на детето врз чист бел лист. Побарајте од детето да нацрта куќа, дрво и човек и после еве како ќе ги протолкувате симболите од детскиот цртеж:

Разгледајте која сезона е представена на цртежот. Колку полошо е изразено времето на цртежот, толку поверојатно детето го прифаќа светот како непријателски и обратно – колку е посмирено, толку попријатно е во душата на детето.

Композиција

Ако композицијате е поставена на крајот од листот, детето се чувствува неуверено во себе и своите способности..

Се смета дека десната страна на цртежот ја симболизира иднината, а левата минатото. Ако фигурите се главно во левиот дел одлистот, тоа е акцент врз последните животни ситуации. Во горниот лев агол на листот – склоност да се избегнат нови и непознати состојби и желбата да се врати во минатото или страв од иднината. Ако фигурите се главно во десниот дел од листот – детето има желба да избега во иднината и да се ослободи од минатото.

Редослед

Важно е да се забележи во каков редослед детето ги нацртало трите елементи. Се смета дека ако прв е нацртан човекот, тоа значи дека основна цел моментално на детето е да си го најде своето место во светот. Ако најпрво е нацртано дрвото тогаш на прво место за детето е животната енергија. Ако најпрво ја нацртало куќата за него најважно сега е да се чувствува безгрижно и безбедно, или дека тоа му недостасува.

Процес на цртање

Важно е не само што црта детето, но и како го прави тоа. ако цело време се грижи дека не црта добро, детето не е доволно самоуверено. Ако по време на тестот се појави спротивставување и отказ од задачата, детето не сака да се отвори или крие скриени проблеми. Обидете се да му покажете дека со вас може и треба да биде сосема отворено за се што со него се случува.

Напиши коментар