Убаво рекле: Трнлив е патот до славата. И тоа е многу точно, кога ќе дознаете кои биле всушност првичните занимања на познатите холивудски ѕвезди. Тие работеле се и сешто само за да стигнат до она што се денес.
Род Стјуарт
Пред да стане она што денес е, Род Стјуарт работел како гробар на гробиштата во Лондон. Оваа работа ми помогна да го надминам стравот од умирање, изјавил Род во една прилика.
Вупи Голдберг
Вупи пред да стане славна актерка работела како шминкерка во погребно претпријатие.
Хју Џекмен
Џекмен работел како кловн и тоа за 50 долари од час. Сакав да правам будала од себе, изјавил Џекмен.
Метју Меконаи
Метју Меконаи имал една од највалканите работи. Во студентските денови работел како чистач во кокошарник. Тој изјавил: бев млад, во време на моите студии ми требаа пари и морав некако да заработам.
Мик Џегер
Пред кариерата во Ролинг Стоун, Мик работел како портир и носач на куфери во една психијатриска болница.
Сталоне
Сталоне снимал порничи за да заработи пари, иако не поминувале баш многу платено. Паралелно чистел и кафези на лавови во Зоолошката во Њујорк.
Бред Пит
Во младоста тој имал интересна професија. Бил шофер на стриптизети. Ги носев на забави, им пуштав музика и ја фаќав облеката, изјавил Бред.
Меган Фокс
Една од најсексипилните актерки на денешницата своевремено носела џиновски костим од банана додека работела во една продавница за шејкови.
