Дестинации

The Seven – Хотелот на седмо небо…

Хотел за страствените љубовници, осмислен од страна на ексцентричен тим дизајнери…

За некои луѓе, изгледа како гламурозен, нежен кожурец, за други е хотел од класата  „ шампањ“, но сите ќе се согласат дека е премногу блескав и креативен. Од самиот момент кога ќе зачекорите во една од неговите сали, една работа е заслепувачки очигледна: овој хотел со неговата магична и фантастична интимност, ја разбива монотонијата на протоколот. Заборавете ги правилата и традиционалните референци. Овој хотел нуди ново искуство, секоја ноќ.

Philippe Vaurs, сопственикот на хотелот е фасциниран од разиграните и неконвенционални хотели но сепак, кога станува збор за неговиот хотел, нема направено граници на она што е можно, а што не. Атмосферата во овој хотел е едноставно заразна. Пријателски е настроен и не се ослонува само на луксузот и комфорот, како што прават повеќето нео-хотели. Ова е одлично место за сите сонувачи…и многу повеќе… За таа причина, овде се 28 „лебдечки“ соби. Фокусот на сопственикот не е ставен во луксузот туку во моментите наменети за гостите.

Креветот „лебди“ точно во средината од собата, и ова е местото каде што всушност можете да си дозволите да лебдите на седмо небо. Можете да креирате сопствени сценографии, вклучувајте ги светлата. Светлата се наоѓаат странично и на самиот под, што создава впечатлив ефект. Во тој момент заборавате дека сте во хотел и …веќе некаде летате… Во некои соби и тоалетите се „лебдечки“.Flat-screen TV и неговите 4 мирисни канали, дополнително го подобруваат сонот. Мирисот од лалиња и рози е „ афродизијакот“ на овие соби. Убавите слики од Сахара и врелиот песок, надоаѓаат кон Вас…

Ви гарантираме дека после следниве фотографии, Вие веќе ќе бидете на седмо небо…Направете истото да се случи и на јаве…

Напиши коментар