ШоуБиз

Тие се кралици на деколтето

Анкетата која беше спроведена во Велика Британија покажа дека Мерлин Монро и понатаму е неприкосновена кога се во прашање облините.

И по педесет години од смртта Мерлин Монро е прогласена за кралица на деколтето, по анкетата која беше спроведена во Велика Британија.

Најпознатата американска плавуша со своите облини ја победи и телевизиската водителка Холи Вилоуби, која сепак остана на второ место и заносната Кели Брук.

Италијанската актерка Софија Лорен го завзема четвртото место, а Скарлет Јохансон е на петтото место. На оваа листа се најдоа и Кристина Хендрикс и Бијонсе.

Напиши коментар