ШоуБиз

Тие се најубавите вегетаријанци

Холивудските ѕвезди Вуди Харелсон и Џесика Честејн се прогласени за најжешки познати личности кои се вегетаријанци.

Тие примија бројни награди за добра глума, но овој пат им е дадена награда која е резултат само на здравата исхрана. Харелсон изјавил дека храната со животинско потекло започнал да ја избегнува уште кога бил млад, кога се обидувал да се пробие во Холивуд.

Бев во автобус, лицето ми беше целото со акни, го дував носот кога ми пријде една девојка и ми рече дека мојот организам не трпи лактоза, престани да јадеш млечни производи и повеќе ќе ги немаш овие симптоми. Таа беше потполно во право. Откако престанав со таквата исхрана се се смени.

Џесика Честејн пак станала вегетаријанка пред 15 години. Таа изјавила: Среќна сум што сум жител на Земјава, и не сакам заради моето постоење на пати ниту едно друго живо суштество.

Минатата година ПЕТА ги прогласи Расел Бренд и Кристен Виг за најсексипилни вегетаријанци.

Напиши коментар