Здраво тело

Тиквици за здравје и добра линија

По потекло се од Индија, а до медитеранските земји стигнале малку подоцна но откако се пронајдени се редовно употребувани, пред се заради добро здравје на срцето и крвните садови, а потоа и заради добрата линија.

Во својот состав имаат многу малку јаглехидрати, белковини и само 0,3% масти. Тиквиците содржат многу вода и диететски влакна. Од витамините содржи многу витамин Б, Ц и фолна киселина. Од минералите има калиум, фосфор, магнезиум и манган. Во 100 гр тиквици има само 18 калории. Тоа е причината заради која може да ги консумирате во неограничени количини за да имате витко тело и одлично здравје.

Нутриционистите ги препорачуваат за прочистување на крвните садови и за подобрување на работата на срцето.

Напиши коментар