ШоуБиз

Тина Тарнер на одмор во Дубровник

Пејачката со моќен глас, Тина Тарнер ова лето одмара во Дубровник. Заедно со своите пријатели таа пристигнала на хрватското приморје, и додека фоторепортерите ја сликале, таа весело си потпевнувала.

Rock & Roll бабичката, 72 годишната Тина Тарнер ќе престојува во јахтата “Lady Marina”, која е долга околу 70 метри и има сопствен хелиодром. Внатрешноста на јахтата е луксузно уредена и може да ги задоволи и најголемите барања.

Тина за хрватските медиуми изјавила дека е воодушевена од градот и дека планира тука да го помине својот одмор со блиските пријатели.

httpv://www.youtube.com/watch?v=QQj6Ka0Lefw&

Write A Comment